|
Од неговото
отварање па до денес, ресторантот “Гоце 2000“ стана едно од
најпријатните места за забава, разонода и прослави во Скопје. Лоциран е во
источниот дел од градот, во населбата Ченто.
Ресторанот воодушевува со својот раскошен , ексклузивно дизајниран ентериер.
Гостите во ресторанот уживаат во специјалитетите на најголемите мајстори на кујната, врвната услуга, прекрасниот амбиент и во нежните музички звуци.
Богатото мени изобилува со раскошни вкусови од националната и други интернационални кујни и претставува единствено кулинарско доживување пропратено со извонреден избор на квалитетни видови на вина.
"Гоце 2000" може да одговори на сите Ваши потреби.
Нашиот персонал е тука за вас да ви ги овозможи следниве свечености: приватни
вечери, свадби, бизнис средби, родендени, пензионирања, годишнини, приеми,
коктел забави, промотивни активности и презентации....
Нашиот тим ви стои на располагање, да ве поддржи и помогне при планирањето на
вашите прослави, како и да ви ги овозможи дополнителните барања, како што се :
Аранжмани со цвеќе, балони, свеќи; специјални светлосни ефекти; различен тип на
музика; фотограф, снимател и друго.
Прекрасна атмосфера, исклучително добра храна, поволни цени.
Се ова ке допринесе да вашата прослава биде посебна и особено интересна.
Верувајте во нас, а ние ќе ја оправдаме вашата доверба.
КОНТАКТ ТЕЛЕФОНИ: 070/684-029, 078/528-670, 078/678-447, 022/527-346
|